Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВнатрепартиски консултации во СДСМ – неизвесна е денешната средба со Алијанса за Албанците

Внатрепартиски консултации во СДСМ – неизвесна е денешната средба со Алијанса за Албанците

Преговорите за нова влада засега се на пауза. Како што дознава „Позитив“ од партиски извори за денеска биле предвидени преговoри меѓу СДСМ и Алијанса за Албанците, но засега се уште нема абер дали таква средба воопшто ќе се случи.

Во тек се внатрепартиски консултации во СДСМ и се уште не се знае дали денеска ќе имаат меѓупартиска средба, ниту пак на кое ниво ќе се води, односно дали ќе се сретнат само претставници на работните групи на партијата или средбата ќе биде на повисоко ниво.

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села утре за прв пат ќе се појави во јавност откако насилниците го претерпаа во Собранието и му нанесоа тешки повреди на главата,

Во изминатите два дена во седиштето на СДСМ се водеа преговори со ДУИ и со Движењето Беса, но како што соопштија од партијата на мандатарот, не се разговарало за поделба на министерски позиции, туку само за принципите врз кли ќе се формира владината коалиција.