Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ за политички цели ги искористи загинатите од „Диво Насеље“ и го нападна СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ за политички цели ги искористи загинатите од „Диво Насеље“ и го нападна СДСМ

Oсумте припадници на безбедносните сили кои пред две години загинаа во Куманово ќе останат запишани меѓу хероите кои се бореле и ја создале Република Македонија, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

– Сите ние ќе им бидеме вечни должници за нивната неверојатна храброст и пожртвуваност. Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илиевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ и Горан Стојменовиќ, засекогаш ќе останат запишани меѓу хероите кои се бореле и ја создале Република Македонија, се вели во соопштението.

Сепак, партијата немилиот настан успеа да го спинува и да го употреби за собирање политички поени, напаѓајќи го СДСМ за предавство истакнувајќи дека оран Заев и Оливер Спасовски засекогаш ќе останат на другата страна, меѓу оние кои му свртеле грб на својот народ.

Од партијата наведуваат дека ден по антитерористичката акција во Куманово, поддржувачи на СДСМ наводно ги напаѓале и навредувале припадниците на безбедносните сили и истакнуваат дека сега Заев прифатил реализација на тиранската платформа.

– Зоран Заев прифати реализација на тиранската платформа и со тоа прифати да најде начин да ги пушти на слобода терористите кои ги убија припадниците на полицијата кои ја бранеа Македонија. Зоран Заев упорно гази по чувствата на Македонија. Граѓаните се иритирани од ваквите политики на Зоран Заев и неговото антидржавничко и антинационално делување, се вели во соопштението.