Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО ДПМНЕ: Темелко да биде ослободен и од домашен притвор

ВМРО ДПМНЕ: Темелко да биде ослободен и од домашен притвор

ВМРО-ДПМНЕ бара градоначалникот на Пустец, Албанија, Едмонд Темелко да биде ослободен и од домашен притвор, откако судот вчера одлучи притворот да му го замени со домашен притвор.

Во денешното соопштение се наведува дека „60 дена неосновано и во исклучително лош третман се чува борецот за човекови права и единствениот македонски градоначалник во Албанија“.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за двоен аршин на судовите и најави граѓански протест за правда и правдини кој што ќе се одржи на 3 декември, в недела, во 18 часот.

Темелко беше притворен пред два месеци на барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Тој е обвинет во предметот за изборни нерегуларности „Титаник“.

Во случајот „Титаник“ на СЈО се гонат и ексминистри и политичари, меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски.