Saturday, May 11, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ или СДСМ – Кој има право да говори за професионализација на полицијата?

ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ – Кој има право да говори за професионализација на полицијата?

СДСМ посочи дека откако ќе ја формира новата влада ќе ја реформира и полицијата со императив за професионалните стандарди, а потоа веднаш доби реакција од ВМРО-ДПМНЕ за кои ваквите најави се лицемерни.

„Заедно со професионалците, ќе ги направиме потребните реформи преку коишто ќе овозможиме полиција што ќе ги штити исклучиво граѓаните, а не нечии лични, партиски или какви било други интереси“, рече Спасовски на прес-конференција.

Тој додаде дека ќе ги подобрат условите за работа на вработените во полицијата и безбедносните служби и ќе ја зајакнат довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните.

На ова реагираше ВМРО-ДПМНЕ.Како што рече на прес-конференција Орце Ѓорѓиевски од таа партија крајно лицемерно било СДСМ да зборува за професионалност во полицијата, бидејќи кога Спасовски бил министер за внатрешни работи направил, како што рече, брутална и противзаконска партизација на полицијата.

„Спасовски не направи една полициска акција за сузбивање на криминалот. Напротив се фотографираше со припадници од наркомафијата и подземјето, со фалсификатори како Чауш и со криминалци кои му одработуваа на теренот“, рече Ѓорѓиевски.