Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВласта предлага укинување на законот за лустрација

Власта предлага укинување на законот за лустрација

Група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ до Собранието поднеле предлог-закон со кој лустрацијата треба да престане да важи од први септември годинава. Тоа ќе значи дека од тој датум Комисијата за верификација на факти нема мандат за покренување на нови постапки за лустрација, а се запираат и сите постапки за кои до 1 септември нема да се донесат решенија.

Луѓето кои добиле решенија за лустрација од Комисијата нема да можат да работат јавна функција во период од пет години. Процесот на лустрација е оспоруван од самиот негов почеток, а лустрацијата се најде и во последниот извештај на Прибе.