Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВладејачката коалиција му даде можност на Иванов да се премисли за аболицијата

Владејачката коалиција му даде можност на Иванов да се премисли за аболицијата

Помилувањето може да се поништи. Едната опција е претседателот самиот да го стори тоа во рок од 30 дена од донесувањето на законот без обврска да даде образложение, а другата опција е помилуваното лице да поднесе барање, при што претседателот е должен да направи поништување на милоста во рок од 30 дена.

Овој закон не е во согласност со препораките на меѓународната заедница. Американскиот помошник заменик државен секретар Хојт Брајан Ји денеска изјави дека целосно повлекување на аболицијата, а не делумно е единствен начин да се поправи штетата што е нанесена на кредбилитетот на Македонија и ќе овозможи излез од политичката криза.

Собранието изгласа уште три закони по скратена постапка. Меѓу нив, законот за заштита на приватноста. Се работи за ист текст на популарниот закон за бомби, со кој се забранува поседување и објавување прислушувани материјали, а ќе се применува од јули 2017. Владеачката коалиција најави дека ќе се расчистат и недоразбирањата при електронското објавување на Избирачкиот список, за да се отстранат сите сомнежи. СДСМ, коалициските партнери и ДПА не присуствуваа на седницата.