Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВилијам и Кејт ја крстија принцезата Шарлот

Вилијам и Кејт ја крстија принцезата Шарлот

 

Принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон,  ја крстија својата ќерка, принцезата Шарлот Елизабет Дајана во црквата ,,Св Марија Магдалена” во Сандрингам.  Принцезата  е крстена со вода од реката Јордан. Носела свилено  и чипкасто фустанче какво што кралските бебиња носеле на крштевките уште од 1841 година.

KEJT VILIJAM

На церемонијата имало 30тина поканети помеѓу кои и кралицата Елизабета II, принцот Филип, принцот  Чарлс и Камила и семејството на Кејт.

Иако самиот чин на крштевање било приватно, Вилијам и Кејт ги повикале сите оние кои сакаат да ја честитаат крштевката да дојдат во дворот на црквата, ова се случува прв пат во последниве три генерации од страна на кралското семејство. Во дворот на црквата ,,Св Марија Магдалена” (каде била крстена и принцезата Дајана) се собрале  неколку  илјади луѓе