Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈ(Видео) Венчавка во Венеција: Ана Ивановиќ и Швајнштајгер го кажаа судбоносното „да“

(Видео) Венчавка во Венеција: Ана Ивановиќ и Швајнштајгер го кажаа судбоносното „да“

Српската тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер се венчаа денеска во Венеција во присуство на членовите на семејството и најблиските пријатели.

Најпознатиот спортски пар одлучи да ја изврши граѓанската свадба во хотелот “Аман Канал Гранде” во Венеција, додека црквеното според италијанските медиуми, ќе биде организирано во среда.

Свадбата првично беше закажана за 5 јули, но поради професионални обврски и на Ивановиќ на Вимблдон и на Швајнштајгер на Европското фудбалско првенство во Франција, беше поместена за денеска на локација на која пред две години беше свадбата и на холивудскиот актер Џорџ Клуни и неговата избраничка Амал.

Иако ја држеа во тајност веста за тоа каде ќе се венчаат, сепак, имаме можност да ја погледнеме среќната двојка на денот на нивната свадба.