Saturday, Apr 27, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилм(Видео) Пристигнува новата “Мумија“ и уништува се пред себе

(Видео) Пристигнува новата “Мумија“ и уништува се пред себе

Том Круз е главна ѕвезда на новата холивудска верзија на легендата која ги фасцинираше луѓето уште од почетокот на цивилизацијата, “Мумија“.

Долго закопана во гробницата длабоко под суровата пустина, античката кралица, чија судбина е неправедно одземена се буди во сегашноста. Со векови насобрано зло, спроведува терор за човечкото разбирање, од врелиот пустински песок на Блискиот Исток до скриените ходници на модерниот Лондон.

Главните улоги ги толкуваат Том Круз, Софија Буте, Расел Кроу, Анабела Валис, Џејк Џонсон и други. Филмот својата премиера ќе ја има на 9 јуни.