Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузика(Видео) Новиот филм на Шиа Лабаф во Британија заработи само 11 долари

(Видео) Новиот филм на Шиа Лабаф во Британија заработи само 11 долари

Новиот филм на Шиа Лабаф “Man Down” заработи “импресивни” 11,51 долари за време на првиот викенд од прикажувањето во Велика Британија. Продадена е само една карта и тоа е сосема можно, најлош резултат во историјата на една кино премиера.

Ова е голем удар за актер кој едно време во Холивуд донесе многу пари, особено во ерата на франшиза трансформери. Само “Transformers: Revenge of the Fallen” заработи повеќе од 531 милиони долари, и тоа само во САД.

Во филмот “Man Down”, Шиа игра еден американски војник кој се враќа дома од Авганистан и откри дека недостасува неговата сопруга и синот. Филмот, кој Шиа го опиша како “терапија“ е прикажан во само едно кино во Барнли, северна Англија.

“Сценариото стигна во времето кога бев во многу лоша фаза на животот, и тој ми е терапија”, изјави Шиа пред претставувањето на филмот.

“Ова е емотивно најтешкото нешто што некогаш сум го работел”, додаде тој.

Филмот не успеаа да го спасат и остатокот од тимот а тоа се познатите ери Олдман, Кејт Мара и Чарли Шотвел.