Sunday, Apr 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмВидео-играта „Тетрис“ наскоро ќе стане филм

Видео-играта „Тетрис“ наскоро ќе стане филм

Кинеските и американските продуценти планираат да направат научнофантастичен трилер базиран на популарната игра од осумдесетите години на минатиот век „Тетрис“, соопшти денес нивната продуцентска куќа. Во овој филм ќе бидат вложени 80 милиони долари, а снимањето би требало да започне идната година.

Во официјалното соопштение за овој проект стои дека студиото на оваа новооснована продуцентска куќа планира да направи меѓукултурни филмови за светскиот пазар. Исто така е соопштено дека видео играта „Тетрис“ претставува совршен прв проект за таа стратегија.

Постојат планови филмот да биде снимен во Кина и во него улогите да ги толкуваат кинески актери. Играта „Тетрис“ која во минатиот век забележуваше огромна популарност, беше направена од страна на рускиот научник Алексеј Пажитинов во 1984 година.