Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈБоречки вештини(Видео) Џошуа го испрати Кличко во пензија!

(Видео) Џошуа го испрати Кличко во пензија!

Долгоочекуваната и најавувана борба помеѓу Ентони Џошуа и Владимир Кличко, пред фантастична атмосфера на преполниот стадион Вембли, каде имаше околу 90 илјади гледачи, Британецот победи над Украинецот со технички нокаут во 11 рунда и стана новиот светски шампион!

Првите четири рунди поминаа во испитување на силата, а подоцна во петата рунда, односно во шестата, прво Џошуа а потоа и 41-годишниот Кличко имаа свои шанси да го приведат овој меч во технички нокаут и да стигнат до титулата светски шампион, но ниту еден од ривалите не успеа да ја одведе борбата до крај во тој момент.

Британецот во претпоследната рунда го напада Кличко прилично жестоко, со аперкат го “затресе“ Украинецот при што тој падна на подот, при што тој повторно се крена но само на кратко Џошуа продолжи да напаѓа и Кличко се најде повторно на подот, Кличко не се откажуваше пак стана но судијата мораше да ја прекине борбата.

Џошуа ја одбрани својата титула ИБФ и ѓи освои шампионските појаси во ВБА и ИБО верзиите. Двајцата боксери по борбата ќе добијат 15 милиони фунти.