Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Демонстрантите во Црна Гора ги опколија институциите

Видео: Демонстрантите во Црна Гора ги опколија институциите

Синоќешните демонстрации на опозицијата во Подгорица завршија без инциденти. Неколку илјади граѓани се собрале на Плоштадот на републиката, од каде во колони тргнале во „опкружување“ на државните институции. Со перформансот на создавање на ланец од луѓе околу клучните државни институции, организаторите на симболичен начин порачале дека „режимот е опкружен“.

Граѓаните стоеле во ланецот со свеќи во рацете, а во еден момент преку целиот кордон биле запалени факели, по што ланецот бил расформиран. Насобраните во еден момент скандирале: “Сакаме солзавец”.

Пратеникот на ДФ, Милан Кнежевиќ ги повторил барањата на ДФ во врска со падот на актуелната влада и повикал на дијалог на сите парламентарни субјекти, но и нагласил дека единствена тема на која може да се зборува е преодна влада. Неговата партија најави голем собир во Никшиќ на 28-ми ноември. Претходно на Плоштадот пред насобраните се обратил пратеникот на ДФ, Славен Радуновиќ, кој порачал дека демонстрантите „се кошмар на Мило Ѓукановиќ“.