Saturday, Apr 27, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текВидео: Американската војска ќе лета со велосипед

Видео: Американската војска ќе лета со велосипед

Американската војска ќе лета со велосипеди. За таа цел, ги најмила компаниите „Malloy Aeronautics“ и „SURVICE Engineering“ да развијат летечки велосипед за воени цели, а доколку се биде како што треба, производството ќе започне за три до пет години.
velosiped1
Војската планира да ги користи овие летечки велосипеди како извидничко возило во мисиите за потрага и спасување, бидејќи се помали, посигурни и работат потивко од хеликоптер.

Возилото повеќе наликува на квадрикоптер отколку на велосипед, а ќе користи четири пропелери кои ќе го креваат во воздух. Според информациите, ќе можат да достигнат висина до 3.000 метри, а максималната брзина ќе биде нешто повеќе од 27 километри на час. Неговиот досег ќе биде ограничен на 150 километри. Се проценува дека летечките велосипеди ќе чинат помеѓу 50.000 и 60.000 долари.