Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВангеловски: СЈО одбива да соработува со Врховниот суд

Вангеловски: СЈО одбива да соработува со Врховниот суд

Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија Јово Вангеловски преку соопштение до јавноста обвинува дека Специјалното јавно обвинителство одбива да постапува по нивно барање, со што влијае на пролонгирање на итна постапка која се води пред овој суд.

Како што наведува Вангеловски во соопштението, Врховниот суд во четвртокот минатата недела до СЈО доставил барање за информација, но до денеска од кабинетот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, не му било одговорено.

Од судот не кажуваат за што конкретно и за кој случај е инфомацијата што ја бараат од СЈО и единствено наведуваат дека поради итниот карактер на барањето, имало неколку телефонски разговори меѓу шефот на кабинет на Вангеловски и шефот на кабинетот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

„Врховниот суд на Република Македонија ја известува јавноста дека обвинителството очигледно одбива да постапува по барањето на Врховниот суд на Република Македонија, со што влијае на пролонгирање на итна постапка која се води пред Врховниот суд на Република Македонија“, стои во соопштението на Врховниот суд.