Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВангеловски ќе ја поништи одлуката на Неделкова дека апсењето на Темелко

Вангеловски ќе ја поништи одлуката на Неделкова дека апсењето на Темелко

Врховниот суд ќе ја смени одлуката дека апсењето на градоначалникот на Општина Пустец Едмонд Темелко по барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) било законско, потврди за „СДК“ претседателот на судот Вангеловски.

Одлуката дека апсењето е законско ја донесе петчлениот Кривичен совет на Врховниот суд што го раководеше експретседателката Лидија Неделкова.

Едмонд Темелко е сомничен во случајот „Титаник“.

На прашањето како е можно одлуката да се смени кога веќе е донесена едногласно, без ниту еден од врховните судии да биде против, Вангеловски појасни дека во случајот со апсењето на Темелко со цел да биде донесен пред судија на претходна постапка, не било постапено во целост според Законот за кривична постапка. Вели дека сепак имало прекршувања во таа постапка. Најави дека ќе се врши нејзино преиспитување и оти тој, како сегашен претседател на Кривичниот совет ќе ја потпише, а не неговата претходничка Лидија Неделкова, под чие претседателство лани пред Нова Година била донесена оваа одлука.

„Таа одлука сѐ уште не е официјална. Неа јас ќе ја потпишам. Кога ќе ја потпишам тогаш ќе биде официјална. Исходот на одлуката по Барањето за заштита на законитоста (БЗЗ) за случајот Темелко може и да се смени“, најавува Вангеловски.
Одлуката за Темелко е по Барање за заштита на законитоста на постапката поднесено токму од СЈО, кое од Основниот суд Скопје 1 и од одбраната на осомничениот, беше критикувано дека издало законски непоткрепен налог за негово лишување од слобода. Затоа Кривичниот суд потоа не одобри мерка притвор за Едмонд Темелко, еден од главните осомничени во „Титаник“, првата и најобемна истрага што ја поведе СЈО по број на осомничени. „Титаник“ се однесува на сомневања за изборни нерегуларности вршени во 2013 година.