Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВајгл: Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе одлука да присуствува на „Жан Моне“

Вајгл: Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе одлука да присуствува на „Жан Моне“

Процесот „Жан Моне“ не е продолжување на Договорот од Пржино и нема да носи одлуки кои се во надлежност на Собранието или било кои други македонски институции, изјави за „Мета“, известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгл коментирајќи го ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека се против дијалогот за клучни прашања да се води во странство и надвор од македонските институции.

– За време на мојата неодамнешна посета на Скопје, неколку пати, вклучувајќи и на средбата со највисоките претставници на ВМРО во Собрание, објаснив што е проектот „Жан Моне“. Станува збор за една или повеќе средби со членови на парламентарни групи од Собранието со членови на Европскиот парламент, некои претставници на Европската комисија (комесарот Јоханес Хан) и некои експерти – вели Вајгл.

Европратеникот потсетува дека дијалогот ќе започне во куќата на основачите на ЕУ и оти сите средби ќе бидат без медиумско присуство.

– Би сакал ВМРО да присуствува и наскоро да донесе одлука – вели Вајгл.