Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеУште три кафулиња во Центар казнети за прегласна музика

Уште три кафулиња во Центар казнети за прегласна музика

Продолжуваат инспекциите во општина Центар. Kако резултат на пријавувањата на граѓаните, викендов во три објекти е извршена контрола и е констатирано надминување на максималното дозволено ниво на бучава.

На кафулињата „Чао“, „Нола“ и „Ван Гог“ им се изречени казни и Општината апелира до сопствениците да се придржуваат до пропишаните правила и да не надминуваат гласност од 45 децибели. Доколку кафулињата не ги платат казните, против нив ќе се поднесат прекршочни пријави.

На крајот на август Општина Центар по барање на граѓаните изврши контрола на гласноста на музиката на
кафулињата на нејзината територија, при што според добиените резултати од мерењата на овластената компанија,
во 50 отсто од контролираните локали констатирано е надминување на максималното дозволено ниво на бучава
од 45 децибели. Притоа на четири кафулиња, „Стоби“, „Kубански бар“ и „Џуси бар“, Општината им издаде платен
налог со казни од 500 евра за правното лице и 300 евра за одговорното лице.