Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПронајдена пејачката Шинед О’Конор

Пронајдена пејачката Шинед О’Конор

Само неколку часа откако се појави веста за исчезнувањето на пејачката Шинед О’Конор, полицијата излезе со соопштение дека пејачката е пронајдена жива. За сега не се објавени подетални информации околу нејзиното здравје, но според соопштението таа е пронајдена здрава и не е во никаква опасност.

Полицијата пристигнала во преградието во Чикафо да провери што се случува со О’Конор, откако анонимно лице телефонски пријавило дека е загрижено поради нејзиното исчезнување. Мажот рекол дека пејачката исчезнала во шест часот утрото во неделата по локално време, кога тргнала со велосипед и не се вратила дома, по што полицијата објави потрага по неа.

Полицијата ја пронашла О’Конор во Хотел во преградие, во сојузната Американска држава Илиноис.