Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаУште еден афтершок денес, граѓаните повторно вознемирени

Уште еден афтершок денес, граѓаните повторно вознемирени

Денес во 14:20 часот се почуствува нов потрес кој најверојатно е афтершок на вчерашниот силен земјотрес. Според мерењата попладневниот потрес кој траеше кратко имал јачина од 3.7 степени според Рихтер, а епицентарот се наоѓа повторно во трусното подрачје на скопско Црешево. Денешните помали потреси не ги плашат толку граѓаните како вчера, но потсетуваат дека „кризата“ со тектонските движење се уште не е завршена.

14341556_10208427655703779_378553014_n

Вчера од надлежните инстуции меѓу кои и Институтот за земјотресно инженерство посочија дека послаби земјотреси до 5 степени не треба да не загрижуваат премногу бидејќи не се доволно силни за направат оштетување на конструкциите на зградите, особено што тие се градени со високи стандарди.