Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУшковски: Специјален суд за СЈО ќе го урне судскиот систем во Македонија

Ушковски: Специјален суд за СЈО ќе го урне судскиот систем во Македонија

Бранко Ушковски, поранешниот претседател на Судскиот совет, за Дневник проценува дека формирањето на специјално одделение за предметите на СЈО во рамите на Кривичниот суд ќе значи рушење на судскиот систем во Македонија и директно влијание врз независноста на судиите.

„И во организациска и во функционална смисла во судството во РМ се применети и тоа функционира согласно највисоките европски стандарди. А кога преку ваквите инсинуации со кои се пласираат идеи за специјално судско одделение, ова не само што е притисок врз независноста на судиите туку е насочено и кон рушење на целокупниот судски систем во нашата земја – нагласува доскорешниот претседател на Судскиот совет“.

Ушковски смета дека специјален суд досега никаде не е предвиден во договорот од Пржино и дека нема законски основ. Од друга страна пак вели и дека незадоволстото од СЈО еден ден може да се преточи и во барање на посебно одделение во рамките на нивната институција за предмети кои досега тие не ги повеле.

Извор: dnevnik.mk