Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаУправувач на „Голф“ – удри во бетонски ѕид, повредено 74 годишно лице

Управувач на „Голф“ – удри во бетонски ѕид, повредено 74 годишно лице

На локалниот пат с.Челопек – с. Милетино, вчера попладнето пред куќата на В.М. се случила сообраќајна незгода во која Е.Ќ(46) од с. Милетино- Тетово управувајќи патничко возило марка „Голф“ со тетовски регистарски таблички удрил во бетонски ѕид, а во несреќата со тешки телесни повреди се здобил седумдесет и четиригодишен старец А.И(74) кој бил сопатник од с. Милетино. Повредениот веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, а по укажаната лекарска помош истиот бил пренесен во Ургентниот Центар Скопје.

Тетовската полиција извршила увид на местото на настанот и информираат дека се работи на целостно расветлување на случаката.