Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаУПОЗ ќе ги радикализира протестите ако надлежните не ја потпишат спогодбата

УПОЗ ќе ги радикализира протестите ако надлежните не ја потпишат спогодбата

УПОЗ продолжува со штрајкот. Денеска судските административци изготвија спогодба за прекин на штрајкот која ќе ја достават до министерството за правда и судскиот буџетски совет. Очекуваат институциите во најбрз можен рок да ги повикаат на преговарачка маса. Во спогодбата се содржани нивните барања и начини на кои можат да се надминат проблемите за нивно решавање. Од УПОЗ велат дека ако надлежните ја игнорираат или не ја потпишат спогодбата, штрајкот ќе се радикализира, а можни се и блокади на најфрекфентните крстосници во градот.