Уметник од Кореа ја доловува љубовта онаква каква што навистина изгледа
Многу лесно е да се претпостави дека првата асоција за љубов би била некој настан од големо значење, како на пример фотографии од венчавката или од првото новороденче. А можеби и прослава од златната 50-годишнина од брак, кој знае. Но, не секој ја наоѓа убавината само во големите нешта.
Корејската уметничка која се претставува под псевдонимот “Puuung” сака да го долови секој ситен детал кога е во прашање оваа движечка сила. Самата таа изјавила: „Љубовта е нешто со кое секое човечко суштество може да се поврзе. Доаѓа во разни облици кои може да се препознаат во секојдневието. Па така, се обидувам да го пронајдам значењето на љубовта во секојдневните, најобични работи и истото да го преточам во уметност.“