Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТурција ја забрани најавената геј парада во Истанбул

Турција ја забрани најавената геј парада во Истанбул

Турските власти го забранија одржувањето на геј парадата во Истанбул, образложувајќи го решението со безбедносни причини, особено по нападот од минатата недела во ноќниот геј клуб во американски Орландо, кога беа убиени 49 луѓе и ранети уште 53.

Борците за човекови права и геј активистите на социјалните мрежи го изразија своето незадоволство од одлуката поради безбедносни причини да биде забрането одржување на истанбулската Парада на гордост.

На парадата во Истанбул веќе десет години учествуваат повеќе десетици илјади луѓе, и е најголемата Парада на гордоста во муслиманскиот свет. Во 2013 година беше проценето дека во поворката учествувале околу 100 илјади луѓе. До минатата година тие минуваа без инциденти, а лани полицијата ја запре поворката со водени топови и солзавец.

Екстремните десни групи, како Големата унија (BBP) и Здружението на малдите муслимани од Анадолија, изминатите денови упатуваа закани за учесниците на годинешната парада која требаше да се одржи во маките на манифестацијата Недела на гордоста од 20-ти до 26-ти јуни со главната поворка на главната истанбулска авенија Истикал, во близина на историскиот централен плоштад Таксим.