Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЦаровска: Ни требаат силни работнички движења, а не привезоци на власта

Царовска: Ни требаат силни работнички движења, а не привезоци на власта

Мила Цароска претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, го поддржа денешниот синдикален марш на Повелбата за солидарност и порача дека работниците во Македонија ќе имаат повисоки плати и ќе бидат заштитени.

– Не дозволивме насилното сценарио во Парламентот да ги спречи демократските процеси и затоа одиме во реализација на промена која ќе донесе квалитетен живот во Македонија.

Пред само неколку денови, граѓани избрани од народот или пратеници во Парламентот, ќе беа убиени на нивните работни места. Ова го посочувам за да стане уште појасно зошто итно ни е потребна на сите новата реформска Влада. Во изминатите 10 години сме сведоци на работници кои беа повредени или загинаа на нивните работни места и никој не одговараше.

Тоа е резултат на неодговорниот државен систем што никого не штити, и затоа мора да се промени!

Овој првомајски протест ми ја враќа надежта дека конечно граѓаните и работниците ќе застанат зад своите права. На 11 декември тие гласаа за промени, сега заедно одиме кон реализација на Програмата на новата реформска Влада.

Наш приоритет се работниците и работничките права и затоа ни се потребни силни и автономни работнички синдикати, а не привезоци на власта како досега, порача Царовска.