Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЦаноски: Кочан и „Трансмет“ го уриваа „Космос“ – повеќе од шест години ја чекавме правдата

Цаноски: Кочан и „Трансмет“ го уриваа „Космос“ – повеќе од шест години ја чекавме правдата

Синот на Фијат Цаноски, Сефер Цаноски на социјалната мрежа „Фејсбук“ потсети дека токму бизнисменот во бегство, Сеат Кочан и неговата фирма „Трансмет“ беа ангажирани за уривање на нивниот објект „Космос“.

„Овие ликови што протестираат за слобода на СЕАД КОЧАН ги паметам многу добро. Ги паметам добро и камионите и багерите нивни. Го паметам и 5 часот изутрина на 1 август 2011 година. Истите овие ликови, заштитени од огромен број припадници на полициските сили влегоа во КОСМОС , како вработени во ТРАНСМЕТ на Сеад Кочан, компанија која беше ангажирана за рушењето од страна на општина Гази Баба, во исто така незаконски добиен тендер. Ние чекаме правда повеќе од 6 години. И со господ напред ќе ја дочекаме овде во Македонија. Додека вие протестирате, вашиот газда “правдата” ја дочекува веројатно на некоја луксузна Јахта на отворено море, каде уз некоја шкампа и морска риба ужива и ги троши “чесно” заработените пари ! Можам само да ви кажам едно – АРАМ и срам да ви е !“, напиша Сефер Џановски.

Во снимките од прислушуваните разговори, како што своевремено изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев, дека уривањето е директно нарачано од тогашниот премиер Никола Груевски поради политичка реваншизам со Фијат Цаноски.