Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Транспортот“ на Талески ограничен. Одзеден пасошот на битолскиот градоначалник

„Транспортот“ на Талески ограничен. Одзеден пасошот на битолскиот градоначалник

Судот му го одзеде пасошот на битолскиот градоначалник, Владимир Талевски, првосоомничен во случајот „Транспортер“ што го води Специјалното јавно обвинителство. Ваквата мерка следува по двочасовниот распит на Талевски пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Судијата го одби предлогот на СЈО да му одреди мерка притвор, по што Специјалното обвинителство има рок за жалба од 24 часа до Кривичниот совет во судот.

Тој е првоосомничен во случајот Транспортер, во кој 22 лица се товарат за незаконски тендери за транспорт на учениците од училиштата во регионот на Битола. Истрагата опфаќа вкупно 81 криминално дејствие, спротивни на Законот за јавни набавки и Законот за средно и основно образование. За Талески првично од СЈО бараа само конфискација за дел од неговиот имот, бидејќи и тој се најде на листата на помилувани од Иванов. По укинување на аболицијата, СЈО побараа мерка притвор за него.