Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаТиквешкото езеро е безбедно за капење, покажа испитувањето

Тиквешкото езеро е безбедно за капење, покажа испитувањето

Според истражувањето на Центарот за јавно здравје – Кавадарци утврдено е дека водата во Тиквешкото езеро е безбедна за капење, риболов, поење добиток и за разни други видови на рекреација.

„Водата од Тиквешко Езеро е безбедна според новиот Правилник за квалитет на вода, донесен на 20 јули оваа година. Како што покажаа микробиолошките анализи, таа спаѓа во петта класа на води, според нејзиниот квалитет“, потенцираше епидемиологот Трајче Ризов, раководител на Центарот за јавно здравје – Кавадарци.

Тиквешкото Езеро како едно од најголемите вештачки акумулација во државата често е посетувано за риболов и рекреација.