Sunday, May 12, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТевдовски на работниците повторно им вети зголемување на минималната плата

Тевдовски на работниците повторно им вети зголемување на минималната плата

Претседателот на Комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски на средба со работници од источниот дел на Македонија, во Штип денеска изјави дека ќе се зголеми минималната плата.

На состанокот тие разговараа за условите во коишто работат работниците и мерките што ќе ги преземе новата Влада. Тевдовски вели дека платите мора да се покачат затоа што не се доволни за живеење.

„Тоа ќе го направиме за да можете вие, вредните работници, да имате нормален живот и достоинствено вреднување на вашиот труд. Новата Влада ќе ја зголеми минималната плата на 12.000 денари и што е најважно тоа зголемување ќе важи за сите подеднакво, вклучително и за работниците од индустријата за текстил, облека и кожа. Секој кој работи во оваа индустрија ќе добие зголемување на платата од 2.400 денари“ – вели Тевдовски.

Тевдовски најави дека новата Влада ќе работи заедно со работниците и работотдавачите на условите за зголемување на платите, заштита од државата на работничките права и подобрување на условите за работа, затоа што целта на новата Влада е квалитетен живот за сите.