Wednesday, May 1, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноТеретана за љубителите на марихуана

Теретана за љубителите на марихуана

Од оваа есен жителите на Сан Франциско ќе може да „дуваат“ додека ги затегнуваат мускулите. Новата теретана „Power Plant Fitness“ ќе им дозволува на членовите да користат марихуана, додека тренираат.

„Нема да биде место каде ќе дојдат само за да се „надуваат“ и да се глупираат. Ние сме фокусирани на спортската страна не на канабисот“ – изјавил Џим МекАлпајн, еден од основачите на „Power Plant Fitness“.

Намерата на сосптвеникот на оваа теретана, која во моментов е во процедура за добивање дозвола, е да се сменат стереотипите за мрзеливите уживатели на трева. Градот Сан Франциско моментално забранува пушење трева на повеќето јавни места.