Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисТенискиот казанова се „пензионира’’

Тенискиот казанова се „пензионира’’

Радек Степанек има 36 година и сеуште е активен тенисер, но планира да се пензионира на друг план.

Чешкиот тенисер Радек Степанек во интервјуто за ,,Times of India’’, вели дека нема повеќе да влегува во врски со професионални тенсиерки- Степанек беше верен со Мартина Хингис, после тоа беше во брак со Никол Вајдисова, а до неодамна беше во врска и со тенисерката Петра Квитова.

,,Можете да бидете сигурни дека повеќе нема да се забавувам со професионални тенисерки. Полесно е што тие разбираат низ што поминуваш кога постојано мораш да патуваш и тренираш, потежок е делот кој секој е навикнат на различни работи кои го опуштаат и смируваат. Тогаш тие две личности живеат сосема различен живот’’- Изјави Штепанек.

Штепанек во својата кариера од турнири има освоено повеќе од десет милиони долари, има освоено пет титули во сингл турнирите и 18 во дабл, додека во 2006 година беше и 8ми на ATP листата.