Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРЛитератураКреирајте љубовно CV – многу ќе ви помогне

Креирајте љубовно CV – многу ќе ви помогне

Доколку сте се запрашале зошто секогаш завршувате со слични партнери, на слични излегувања креирање на љубовно CV може да биде добро решение. Ова може да ви помогне да сфатите каде грешите, кои ви се најдобрите аудути и како да постигнете успеx кога се врските во прашање.

Исто како да подготвувате CV за работа и за оваа професионална биографија ви требаат некои основни податоци. Не е лошо да наведете и колку години би сакале да има вашиот партнер како и локации на кои сакате да се наоѓате со него.

Напоменете неколку факти за вашето љубовно минато. Напишете по колку време ви траеле врските, најлошите и најубавите случувања како и  причините кои довеле до прекин на врската.

На тој начин ќе ви бидат јасни сите карактеристики кои би ви сметале кај потенцијалниот партнер.Ваквото CV го правите за себе, тоа е одличен начин да бидете искрени кон самите себе, а така ќе станете искрени и кон околината.

Доколку имате искрен пријател кој добро ве познава, дозволете му да го разгледа и да ви даде мислење