Friday, May 3, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалТаен Состанок: Поќетино го превзема Јунајтед!?

Таен Состанок: Поќетино го превзема Јунајтед!?

Менаџерот на Тотенхем Маурисио Поќетино во вторникот одржал состанок со легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон. Шкотланѓанецот и Аргентинецот одржале состанок во ресторант, а на тој состанок присуствувал и асистентот на Поќетино, Хесус Перез. Англиските медиуми пренесуваат дека овој состанок може да значи дека Јунајтед токму Маурисио Поќетино го гледа како замена за Холанѓанецот Ван Гал.

Сепак, Поќетино кон крајот на месец март изјави дека практично се договорил со Тотенхем околу нов договор за да остане во клубот до 2021 година. Тој го превзема Тотенхем во мај 2014 година, а оваа година клубот од Лондон игра фантастичен фудбал под негово водство и е на чекор од освојување на втората позиција во Премиер лигата.