Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмШвимер: По „Пријатели“ мислев дека нема да глумам

Швимер: По „Пријатели“ мислев дека нема да глумам

Стана познат како смотаниот професор во серијата „пријатели“, но актерот Дејвид Швимер (49) вели дека му требале месеци за да се опорави од толкавата слава.

Во едно неодамнешно интервју, тој открива дека славата која ја стекнал со „Пријатели“, многу тешко ја поднесувал и поради тоа едно време ја запоставил својата актерска кариера.

– Имав само 27 години и славата не ми одговараше. Само сакав да се сокријам од луѓето, а поради тоа не можев ниту да глумам, вели Швимер. Поради тоа ја одбил и улогата во филмот „Луѓе во црно“, која подоцна ја доби Вил Смит, а филмот стана голем хит.

– Поради сето тоа уништив и многу приватни односи, но денес се вратив на глумата и режирањето и среќен сум поради тоа, изјави глумецот, кој неодамна брилијираше во улогата на Роберт Кардашиан во серијата „The People vs OJ Simpson: American Crime Story“. За таа улога доби и номинација за наградата Еми.