Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСветот побудале: Уште едно убиство пренесено во живо на Фејсбук

Светот побудале: Уште едно убиство пренесено во живо на Фејсбук

Полицијата во Кливленд трага по маж, за кој постои сомневање дека убил човек и дека злосторството го пренесувал во живо преку Фејсбук. Полицијата наведува дека осомничениот подоцна објавил уште една видео снимка на социјалната мрежа, тврдејќи дека убил и други луѓе.

Наредникот Џенифер Чач изјави дека полицијата досега не потврдила други убиства, освен тоа што се случило во неделата попладне во населбата Гленвил. Видео снимката од убиството, кое е објавено на Фејсбук, била на социјалната мрежа околу три часа пред да биде отстранета. Чач изјави дека полицијата трага по маж, Стивен Стивенсон и дека смета дека е вооружен и опасен. Детали за жрвата не се објавени.