Monday, May 13, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСтинг ќе објави рок албум после 17 години!

Стинг ќе објави рок албум после 17 години!

Славниот музичар Стинг, фронтменот на поранешниот рок бенд „The police“, ќе го објави својот прв рок албум после цели 17 години. Нумерата „50.000“ во рамките на предстоечкиот албум „57th & 9th“ беше напишана во неделата кога почина американскиот музичар Принц, на кого и му беше посветена песната.

Во интервјуто за магазинот „Ролингстоун“ Стинг изјави дека човек во негови години е свесен дека крајот не е толку далеку како што се чини, осврнувајќи се на бројните ѕвезди кои починаа во изминатиот период.

Sting-f2

„Сите сме во шок поради смртта на големите музички икони како Принц, Дејвид Боуви, Глеј Фреј, Леми.. тие, на некој начин, се нашите богови. Па според тоа, кога тие ќе починат, тогаш мораме и ние да се запрашаме за нашата безсмртност“, вели Стинг.

Стинг и понатаму работи на албумот, кој го добил името според њујоршката крстосница каде се наоѓа студиото во кое тој снимал. Покрај песните посветени на Принц, на албумот ќе се најдат и песни поврзани со мигрантската криза и климатските промени. Последниот комерцијален рок албум на Стинг, „Brand New Day“ беше објавен во 1999 година, освои две Греми награди, а после исклучително успешниот албум познатиот уметник и се посвети на експерименталната музика.