Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСтаноевиќ: Добро е што бизнис секторот се повеќе е вклучен во носењето на регулативата

Станоевиќ: Добро е што бизнис секторот се повеќе е вклучен во носењето на регулативата

Проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ е поддржан од УСАИД и е спроведуван заедно со партнерство со четирите најактивни стопански комори. Базна година на годишната проценка на бизнис опкружувањето беше 2016, доста турбулентна година. Резултатите тогаш покажаа дека компаниите сметаат дека бизнис климата е најлоша, односно најнеповолна.

Но, оттогаш бизнис климата секоја година се подобрува. Оваа година под влијание на ковид кризата компаниите ја оценија на истото ниво како од претходните години, без особено влошување, но и без подобрување, изјави во Утрински брифинг, Христијан Станоевиќ од ЕПИ ЦЕНТАР, консултант за маркетинг и комуникации на проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива.

Компаниите се повеќе ги препознаваат Стопанските комори како глас на бизнис заедницата и партнер кој ги застапува нивните интереси. Во 2018 година се формираше Платформата за јавно-приватен дијалог која е составена од четирите стопански комори и заедно со Владата е потпишан Меморандум за соработка при што редовно се одржуваат консултации. Во периодот кога се формираа пакетите за поддршка на стопанството, за поддршка на компанииите, коморите заедно со компаниите успеаја дел од тие барања да ги вметнат во пакетите.

Инаку, да, компаниите се повеќе се вклучени во носењето на правната регулатива, дали се работи за даноци, работни односи, јавни набавки, вели Станоевиќ и додава дека е добро што се повеќе барања се канализираат преку ваков вид на активности.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Извор: slobodenpecat.mk