Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет„Стаклен мост“ на 1.400 метри надморска височина! (ФОТО)

„Стаклен мост“ на 1.400 метри надморска височина! (ФОТО)

Неодамна изградениот мост со дно од стакла, на планината Тајмен, на југ од Кина, претставува повик и желба кај посетителите да го доживеат чувството на движење по воздух на неверојатна висина од 1.400 метри. Тој е изграден во рамките на Национален парк. Мостот е изграден од издржливо стакло кое на посетителите им нуди чувство дека се движат по воздух. Должината на мостот изнесува 100 метри, а ширината метар и половина.

Големиот број на туристи кои прошетале по необичниот мост се обиделе да уживаат во погледот на планинските предели, сепак исплашени поради големата надморска височина.

Staklen-most

Но, имало и похрабри, кои позирале во седечка и во лежечка положба. Станува збор за третиот стаклен објект од тој тип во рамките на националниот парк.

1107645414

staklen most 2