Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноСрпскиот кошаркар ја потврди врската со Елисавета Орашавин

Српскиот кошаркар ја потврди врската со Елисавета Орашавин

Милош Теодосиќ ги потврди вестите од медиумите дека ова лето ќе застане на жешкиот камен и ќе се ожени со актерката Елисавета Орашавин. Тој за новинската агенција Бета изјави дека свадба планираат за ова лето.

“ Ги видов и прочитав извештаите на медиумите. Секој знае за мојата одлука и да не се зборува за приватниот живот, исто така размислува и Елисавета. Јас имам разбирање кон медиумите за нивното интересирање на нашата врска, бидејќи ние и двајцата сме јавни личности. Затоа, јас сега сакам да го прекршам мојот принцип за некоментирање на приватниот живот”, рече кошаркарот и додаде:

“Вистината е, ова лето ќе биде свадбата. Се разбира, ние сме среќни за тоа. Ги замолувам сите медиуми за разбирање на приватноста која ја тражеме и на која имаме право. За деталите на свадбата и нашиот приватен живот повеќе нема да зборуваме, како што не сме ни досега. Мислам дека е логично и нормално да ја потврдам добрата вест, но надвор од тоа нема да одиме “, заклучува тој.