Saturday, May 4, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмСпилберг откри кој филм за малку ќе му ја уништел кариерата

Спилберг откри кој филм за малку ќе му ја уништел кариерата

Американскиот режисер вели дека му било исклучително тешко да работи на еден филм поради емоциите кои гу будил во него. Спилберг изјави дека сериозно размислувал за заминување во пензија после завршувањето на филмот Шиндлеровата листа. Иако филмот во 1994 година освои седум Оскари, вклучувајќи ги и наградите за најдобар филм и најдобар режисер и Спилберг го издигна во една од најголемите холивудски ѕвезди, режисерот вели дека работата на овој филм била толку многу стресна за него што изгубил интерес за понатамошно создавање на нови филмови.

Спилберг после Шиндлеровата листа направи четиригодишна пауза. „Никогаш не бев во депресија. Но, бев многу тажен. Иако филмот беше одличен и публиката добро го прифати, мислам дека бев трауматизиран од работата на овој филм. Започнав да размислувам дека ова можеби е мојот последен филм“, изјави славниот режисер. Но, по четиригодишната пауза повторно започна да создава филмови.