Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноШпанска винарија произведува вино со сина боја, би пробале ли?

Шпанска винарија произведува вино со сина боја, би пробале ли?

Некои повеќе го обожаваат белото, некои розе, а други црвеното вино. Вкусовите се различни но, дали досега сте имале можност да пробате вино со сина боја?

Шпанската винарија „Гик“ создаде вино во сина боја, кое, како што кажува и самото име, има смарагдна боја, сладок вкус и се сервира ладно.

Виното е комбинација од бели и црвени сорти на вина, со потекло од Мадрид. Сината боја во него доаѓа од пигмент од лушпа на грозје и од органска индиго боја.

Засладено е со нискокалоричен вештачки засладувач, а вкусот му е сличен на белото вино.

Во продажба е пуштено минатата година, а од винаријата имаат намера продажбата да ја прошират и на пазарот во Франција, Холандија, Велика Британија и Германија, а понатаму и на територијата на САД.