Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузика,,Солстис – празник на музиката” вечерва во Битола

,,Солстис – празник на музиката” вечерва во Битола

Календарскиот почеток на летото е и Светски ден на музиката. Истиот , во Битола се одбележува со манифестацијата ,,Солстис – празник на музиката”.

Музичари од разни жанрови вечерва  ќе прозвучат на седум локации на Широк сокак.

,,Солстис – празник на музиката” е креативна најава, односно ,,загревање’’за овогодинешното битолско културно лето “Битфест 2015,,

Организатори на вечерашниот настан со кој Битола ќе живее во полн ек, се Француска Алијанса-Битола и невладината организација Центар за културна деконтаминација-Битола.

noti - Copy.

Оваа музичка традиција која ја почитуваат  стотина градови ширум светот започна во Франција во 1982 година

Манифестацијата  ,,Солстис – празник на музиката” своето прво издание го доживеа во 2002 година и е одлична можност за сите љубители на музиката да уживаат во бесплатни концерти