Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаSoftBank потроши цело богаство за да го куп ARM Holdings

SoftBank потроши цело богаство за да го куп ARM Holdings

Јапонскиот технолошки гигант потроши неверојатни 32 милијарди долари за преземање на производителот на чипсети и процесори ARM што претставува една од најголемите аквизиции во технолошката индустрија во последните 10 години.

Предноста на ARM е што успеа да направи транзиција во мобилната сфера каде голем дел од чипсетите користат токму нивна архитектура, додека пак нивниот некогашен најголем „непријател“ Intel се уште заостанува и добро стои само во PC областа.

SoftBank има десетици различни бизниси во Јапонија и на интернационално ниво и очекува голем развој во повеќе области од мобилната технологија, телекомуникациите и интернет мрежите.