Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСо ждербување ќе се одредува редоследот на изборните листи

Со ждербување ќе се одредува редоследот на изборните листи

Државната изборна комисија (ДИК) со жребка утре ќе го утврди редоследот на гласачкото ливче за локалните избори на 15-ти октомври. Во трка се две коалиции и девет политички партии.

Редоследот на кандидати во листата, кој ДИК го утврдува со жребка, е ист во сите општини, а во општината каде нема да има свој претставник, соодветниот број на подносителот ќе биде изоставен и на негово место ќе биде напишан редниот број на наредниот носител без оставање на празно место.

Најдоцна до 21-ви септември, пак, Општинските изборни комисии треба да ги објават листите на кандидати за членови на совет и за градоначалник. Во оние општини во кои најмалку 20 отсто од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, се објавуваат покрај на македонскиот и неговото кирилско писмо и на службениот јазик и писмо што го употребуваат граѓаните во таа општина.

Утре завршува и рокот од пет дена до кога политичките партии ќе можат да достават барање за запишување, дополнување или бришење на податоци од Избирачкиот список. Избирачкиот список ДИК го заклучува најдоцна до 24-ти септември, а го потпишува најдоцна до 29-ти септември.

На локалните избори самостојно ќе трчаат и 26 кандидати за градоначалници, а поднесени се и 47 независни советнички листи. Изборите ќе се спроведуваат во 80 општини и во Градот Скопје.