Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСо сила убавина не бива – Мексико се повлекува од Мис Универзум

Со сила убавина не бива – Мексико се повлекува од Мис Универзум

Мексиканскиот организатор за мис на убавина се закани дека ќе се повлече од натпреварот Мис Универзум на Доналд Трамп поради неговите расистички коментари на сметка на мексиканските мигранти во САД. Трамп во најавата за кандидатура за претседател на САД изјави дека јужно од границата доаѓаат само дилери, убијци и силувачи и овој проблем ќе го реши со изградба на голем ѕид, а тој како гигант во градежништвото најдобро знае како се градат ѕидови.

miss-universe-donald-trump-1

Проблеми има и со телевизиската мрежа Univision која размислува да го прекине преносот на Мис Сад закажан за 12 јули, по огромниот притисок од јавноста, а како причина може да се наведе слабиот рејтинг во изминатите години, за да се избегне можна тужба од американската мрежа NBC. Доналд Трамп како кандидат на Републиканците со своите политички авантури само го навлекува гневот на медиумите кои често му се потсмеваат.