Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСкопјанец прегазен од трактор, се бори за живот

Скопјанец прегазен од трактор, се бори за живот

Осумдесет и едно годишниот скопјанец Ј.Б. се бори за живот откако вчера попладне бил прегазен од трактор додека обработувал нива во скопско Ајватовци. До несреќата, како што информираат од МВР, дошло кога Ј.Б. се симнал од тракторот за да ги исчисти плуговите на истиот од задната страна, по што тракторот се придвижил.

Ј.Б. во обид истиот да го запре потрчал, се качил на тракторот, но паднал по што бил прегазен. Скопјанецот бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му се констатирани тешки повреди, фрактура на градниот кош и внатрешно крварење и се наоѓа во животна опасност.