Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО со прес на пладне – ќе отвори ли нови случаи?

СЈО со прес на пладне – ќе отвори ли нови случаи?

Специјалното јавно обвинителство денеска во 12 часот ќе одржи прес-конференција, но засега не се открива дали станува збор за откривање на нов случај или пак е поврзана со последните одлуки на судот поврзани со случајот „Труст“ и бизнисменот Сеад Кочан.

Викендов Кривичниот совет ја одби жалбата на СЈО поднесена поради одлуката да се укине мерката притвор на бизнисменот Кочан, кој е првоосомничен во случајот „Труст“ и кој два месеци беше недостапен за органите на истрагата.

Обвинителите Гаврил Бубески и Артан Ајро на рочиштето излегоа со аргументи дека постојат индиции Кочан да го повтори делото и оти гаранцијата од околу 900.000 евра и одземениот пасош не се доволна гаранција. Адвокатот Никола Додевски, кој го застапува бизнисменот истакна дека гаранцијата е практика на сите демократски држави, поради што СЈО нема причина повторно да бара притвор.

Судијата на претходна постапка минатата недела донесе одлука на Кочан да не му биде одреден притвор, туку тој да се брани од слобода со гаранција од околу 900.000 евра, да му биде одземен пасошот и обврска еднаш неделно да се јавува во судот.