Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО прв пат на суд, ќе го застапува предметот „Шпиун“ пред Апелација

СЈО прв пат на суд, ќе го застапува предметот „Шпиун“ пред Апелација

Специјалното јавно обвинителство за прв пат ќе застане пред суд откако во негова надлежност премина застапувањето на предметот „Шпиун“ во кој беа осудени десетина лица за шпиунажа, изнуда, продажба на лични и доверливи информации на високи затворски казни.

Во овој предмет опфатени се поранешни и сегашни разузнавачи од цивилното и военото разузнавање, поранешни полициски службеници, ексдиректорот на Управата за борба против перење пари, поранешниот шеф на кабинет на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Највисока казна затвор доби Марјан Ефремов од 15 години, а дел од лицата веќе ги одлежаат казните изречени од првостепениот суд. Новинарот Зоран Божиновски иако беше дел од групното обвинение на Шпиун ќе ми се суди во издвоена постапка, а СЈО не доби надлежност да го води предметот.