Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО побара Врховен да ја поништи одлуката да не се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ

СЈО побара Врховен да ја поништи одлуката да не се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ

СЈО поднесе барање за заштита на законитоста до Врховен суд за предметот „Талир“, откако од Кривичен одбиле да го замрзнат имотот на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Според СЈО, ваквата одлука е незаконска. Тие на 22 мај побараа привремено одземање на имот, односно забрана за отуѓување на недвижен имот со ставање хипотека поради сомнение дека потекнува од незаконско финансирање и злоупотреба на службена должност.

„Причините за поднесување на Барањето за заштита на законитоста се во фактот што во конкретниот случај се исполнети сите законски претпоставки за обезбедување на имотот што потекнува од кривичното дело, а воедно на првостепениот суд му беше приложен и обемен доказен материјал проследен со финансиски анализи, кои го поткрeпуваат барањето за обезбедување на имотот“, се наведува во соопштението на СЈО објавено на нивната веб-страница.